АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ПРЕСУДИ ДЕКА НОВИНАРОТ ГОРАН ТРПЕНОСКИ НЕ БИЛ НОВИНАР, A СДК.МК НЕ E МЕДИУМ, ЗА ДРЖАВАТА ДА НЕ ПЛАЌА ОТШТЕТА ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017

    АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ПРЕСУДИ ДЕКА НОВИНАРОТ ГОРАН ТРПЕНОСКИ НЕ БИЛ НОВИНАР, A СДК.МК НЕ E МЕДИУМ, ЗА ДРЖАВАТА ДА НЕ ПЛАЌА ОТШТЕТА ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017Новинарот Трпеноски акредитиран како известувач од Собранието на 27 април, според судот не бил новинар - Самослик на Трпеноски од прес центарот со колегите на 27 април 2017 (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Горан Трпеноски против Основниот граѓански суд Скопје, кој претходно му ја отфрли тужбата против државата зашто на 27 април 2017 година за време на организираниот напад на Собранието, не го заштити како новинар, а му го загрози и правото да известува за нападот.

    Трпеноски тужеше како тогашен новинар на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, а во образложението на пресудите на понискиот и на повисокиот суд, стои навредлива квалификација дека ниту тужителот бил новинар, ниту САКАМДАКАЖАМ.МК е медиум, зашто онлајн медиумите законски сè уште не се регулирани.

    Трпеноски е задолжен да плати околу 50 илјади денари судски трошоци и трошоци во постапката. Тој бараше отштета за претрпен страв од насилствата пред неговите очи, но двата суда во образложението на одлуката велат дека тој не бил повреден, а и немал пасивна новинарска легитимација од медиум регулиран во законот за медиуми, па оттаму не му следува отштета од државата.

    Апелациониот суд упатува дека државата исплаќа отштета само за претрпен страв од телесни повреди или за смртни последици, додека за претрпен страв од настаните, од насилствата, упатува тужителот евентуално да ги тужи осудените за 27 април, кои се на издржување на затворски казни.

    Држава тој ден немаше, полицијата не ги заштити ниту пратениците, ниту новинарите и снимателите додека насилниците тепаа и го кршеа Собранието.

    Повредите заздравеа, последиците од стресот и стравот, кај никој од присутните не поминаа ни денеска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира