Легендарниот американски фолк рок музичар Дејвид Крозби почина на 81 година. Тој беше еден од основачите на две влијателни групи во 1960-ите, „Бирдс“ и „Крозби, Стилс енд Неш“ и двапати беше примен во Рокенрол халата на славните, што на малкумина им успеало.
Сопругата на Крозби изјави дека тој починал по долго боледување.
Син на холивудскиот снимател и освојувач на Оскар, Флојд Крозби, тој се придружи на фолк рок групата „Бирдс“ во 1964, но беше избркан по три бурни години. Набргу потоа беше формирана супергрупата „Крозби, Стилс енд Неш“, која настапи на Вудсток во 1969, но и неа ја обележаа меѓусебни конфликти, па се растури по само неколку години. Групата подоцна се обединуваше неколкупати.
Крозби беше познат и по својата контракултурна политика, а шестдецениската кариера ја заокружи во 2021 со последниот албум „For Free“. Поради неговиот хедонистички стил на живот, списанието „Ролинг стоун“ во 2014 го прогласи за „најнеочекувано преживеаната рок ѕвезда“.