РОМАНСКИОТ СУД МУ ГО ПРОДОЛЖИ ПРИТВОРОТ НА ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ ТЕЈТ ЗА УШТЕ 30 ДЕНА

    РОМАНСКИОТ СУД МУ ГО ПРОДОЛЖИ ПРИТВОРОТ НА ИНФЛУЕНСЕРОТ ЕНДРЈУ ТЕЈТ ЗА УШТЕ 30 ДЕНАТејт беше уапсен на 29 декември во рамките на истрага за силување и трговија со луѓе (Фото: АП)

    Инфлуенсерот Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан остануваат во притвор до 27 февруари, откако тој им беше продолжен од романските власти.

    Двајцата се наоѓаат под истрага за сексуален напад и експлоатација и судот кажа дека мора да останат зад решетки уште 30 дена, додека полицијата го гради случајот. Браќата Тејт ги негираат обвинувањата.

    Ендрју Тејт (36) е поранешен кикбоксер кој има милиони следбеници на социјалните мрежи, иако беше забранет на ТикТок, Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб поради неговите мизогински коментари.

    Тој беше уапсен на 29 декември во рамките на истрага за силување и трговија со луѓе. Истражителите минатата недела ја проширија истрагата на уште седум имоти, вклучувајќи вила во подножјето на Карпатите во северна Романија. Во саботата беа запленети 15 луксузни автомобили од неговиот комплекс близу Букурешт, вредни 3,6 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира