ТАТКОТО НА ЃОКОВИЌ СНИМЕН КАКО СЕ ФОТОГРАФИРА СО ПРИВРЗАНИЦИ НА ПУТИН НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН

    ТАТКОТО НА ЃОКОВИЌ СНИМЕН КАКО СЕ ФОТОГРАФИРА СО ПРИВРЗАНИЦИ НА ПУТИН НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕНСрѓан Ѓоковиќ позира со маж кој носи маица со буквата З (Фото: Гети)

    Таткото на Новак Ѓоковиќ е снимен како се фотографира со приврзаници на Владимир Путин на Отвореното првенство на Австралија. На снимката, Срѓан Ѓоковиќ позира со маж кој држи руско знаме со ликот на Путин и носи маица со буквата З, која е симбол на руската инвазија на Украина.

    Руските и белоруските знамиња и симболи се забранети во Мелбурн парк, но по четвртфиналниот меч помеѓу Ѓоковиќ и Русинот Андреј Рублев некои фанови му изразуваа поддршка на Путин.

    „Мала група луѓе истакна несоодветни знамиња и симболи и му се закануваше на обезбедувањето по мечот. Тие потоа беа исфрлени од комплексот“, соопшти Тениската федерација на Австралија.

    Директорот на турнирот Крег Тајли кажа дека нема да има санкции против Срѓан Ѓоковиќ, кој на истата снимка извикува „Да живеат Руси“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира