Маж почина откако бил згмечен од јавен тоалет додека работел на одржувањето на уредот во централен Лондон. Тој бил прогласен за мртов на самото место.
Привремените тоалети се складираат под земја и хидраулички се извлекуваат на улично ниво ноќе за да можат луѓето да ги користат. Градските власти ги имаат воведено пред 20-ина години за да се спречи уринирање на улица.
Телото на работникот било извадено повеќе од час и половина по доаѓањето на пожарникарските екипи.
„Тие мораа да користат кран и механичко јаже за да го извадат. За жал, и покрај напорите на спасувачките екипи, тој беше прогласен за мртов на самото место“, соопшти лондонската полиција.
Во спасувањето на работникот учествувале 25 пожарникари, како и полиција и медицински лица.