АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВРШАТ ПРИТИСОК ВО ПЕНТАГОН ЗА ИСПРАЌАЊЕ БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ВО УКРАИНА

    АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВРШАТ ПРИТИСОК ВО ПЕНТАГОН ЗА ИСПРАЌАЊЕ БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ВО УКРАИНАБорбени авиони се на украинската листа желби уште од почетокот на руската инвазија (Фото: Гети)

    Група американски функционери тивко го притиска Пентагон да одобри испраќање борбени авиони „Ф-16“ во Украина, со цел да ѝ помогне подобро да се брани од руските напади со проектили и дронови, изјавија три извори упатени во дискусиите.

    Овие авиони се на украинската листа желби уште од почетокот на руската инвазија, но приоритет досега се даваше на артилеријата и противвоздушната одбрана.

    Додека Украина се подготвува за нова офанзива напролет, се засилува кампањата во министерството за одбрана за испраќање борбени авиони. Мислам дека не сме против тоа, но конечна одлука засега не е донесена“, откри еден функционер од Пентагон.

    Тој додаде дека Пентагон засега е фокусиран на испраќање воена помош која на Украина ѝ е потребна за моментална борба.

    Советникот на Володимир Зеленски, Михајло Подољак, кажа дека Украина и западните сојузници забрзано преговараат за добивање борбени авиони и проектили со долг дострел, кои би биле поддршка за веќе ветените тенкови и оклопни возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира