АРСОВСКА РАЗРЕШЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕЛС, НА НЕЈЗИНО МЕСТО НАЗНАЧЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ГЕОРГИЕВСКИ

    АРСОВСКА РАЗРЕШЕНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕЛС, НА НЕЈЗИНО МЕСТО НАЗНАЧЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ГЕОРГИЕВСКИНа денешната седница на ЗЕЛС по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложено е Арсовска да биде разрешена од функцијата. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е разрешена од функцијата претседателка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). На денешната седница на ЗЕЛС, по барање на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предложено е Арсовска да биде разрешена од функцијата и нов претседател да биде градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски.

    Ваквиот предлог од членовите на Управниот одбор едногласно е прифатен и со тоа Арсовска повеќе не е претседателка на ЗЕЛС, туку Георгиевски.

    Веднаш по седницата на ЗЕЛС, од кабинетот на Арсовска соопштија дека со тоа што градоначалничката била разрешена се покажала коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

    Ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси. На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите“, стои во соопштението од кабинетот на Арсовска.

    Арсовска беше избрана за претседателка на ЗЕЛС на 22 декември 2021, кога потпретседатели станаа градоначалникот на Валандово Перо Костадиновски и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира