НА ОБВИНЕТИОТ АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ НЕ МУ СЕ ЗАГРОЗЕНИ УСТАВНИТЕ ПРАВА, ТУКУ ТОЈ ИМА ОБВИНЕНИЕ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО, СМЕТА УСТАВНИОТ СУД

    НА ОБВИНЕТИОТ АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ НЕ МУ СЕ ЗАГРОЗЕНИ УСТАВНИТЕ ПРАВА, ТУКУ ТОЈ ИМА ОБВИНЕНИЕ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО, СМЕТА УСТАВНИОТ СУДМилошоски во прилог ги испратил обвинението и оценката за обвинението против него и притоа не ги навел причините, фактите и доказите поради кои смета дека е политички гонет (Фото:СДК.МК)

    На денешната седница Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој таму се обратил зашто сметал дека во предметот на СЈО „Моќник“, го обвиниле од политички причини.

    Уставниот суд го разгледал барањето и видел дека обвинението не е акт со кој се одлучува за одземање на нечии права загарантирани со Уставот.

    „Во конкретниот случај подносителот истакнува барање за заштита на слободи и права, a за акт со кој му биле повредени слободите и правата, приложи обвинителен акт и решение со кое обвинителниот акт бил одобрен во целост. Меѓутоа Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка.

    Како што образложи Судот за оваа точка на седницата, Милошоски освен што во прилог ги испратил обвинението и оценката за обвинението против него, не ги навел причините, фактите и доказите поради кои смета дека е политички гонет.

    „Судот утврди дека не се исполнети процесните претпоставки од наведените одредби од Деловникот на Уставниот суд, за мериторно постапување и одлучување по барањето за заштита на слободите и правата“, вели Уставниот суд.

    Милошоски, неговиот татко, бившиот лустратор Томе Аџиев и уште десетина луѓе од западниот дел на Македонија, се обвинети за самоволна и одмаздничка лустрација на судијата Драги Билески, како и за вредниот имот купен по багателна цена, со доведување во заблуда на советниците во општината.

    Обвинението е на поранешното СЈО, и судењето е при крај.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира