ШПИОНСКИОТ БАЛОН НАД САД Е ВСУШНОСТ МЕТЕОРОЛОШКИ УРЕД КОЈ ЗАЛУТАЛ, КАЖА КИНА

    ШПИОНСКИОТ БАЛОН НАД САД Е ВСУШНОСТ МЕТЕОРОЛОШКИ УРЕД КОЈ ЗАЛУТАЛ, КАЖА КИНАКина изрази жалење за ненамерниот влез на балонот во американскиот воздушен простор (Фото: АП)

    Наводниот шпионски балон забележан на небото над САД е кинеско цивилно летало кое скршнало од својата планирана маршрута, соопшти Кина. Пентагон претходно кажа дека балонот е кинески уред за набљудување од големи височини, откако тој беше забележан над чувствителни области во изминатите денови.

    Балонот беше користен исклучиво за метеоролошки цели. Жалиме за ненамерниот влез на балонот во американскиот воздушен простор“, објави кинеското министерство за надворешни работи.

    Предметот летал над Алеутските Острови на Аласка и Канада пред да се појави над градот Билингс во американската сојузна држава Монтана, каде што се наоѓа воената воздушна база Малмстром, во која се сместени силоси со нуклеарни проектили.

    Американските власти одлучиле да не го рушат балонот поради опасност од паднатите остатоци, но и зашто немало ризик дека тој може да собере какви било чувствителни податоци. Сепак, од Пентагон кажаа дека борбени авиони биле подготвени да полетаат ако Белата куќа нареди да биде соборен.

    Американските медиуми објавија дека балонот има големина на три автобуси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира