МУЗИКАТА ОД ВИДЕОИГРИТЕ ДОБИ КАТЕГОРИЈА НА ГРЕМИ НАГРАДИТЕ

    МУЗИКАТА ОД ВИДЕОИГРИТЕ ДОБИ КАТЕГОРИЈА НА ГРЕМИ НАГРАДИТЕЗа најдoбра музика ќе се натпреваруваат пет номинирани композиции, од игри како „Асасинс крид“ и „Кол оф дјути“. (Фото: Гети)

    Најдобра музика од видеоигра и други интерактивни медуми е новата категорија на престижните музички награди Греми, кои ќе се доделуваат утревечер.

    Со оваа категорија се признава успехот на сѐ поголемата популарност на индустријата за видеоигри и трудот на композиторите на музиката за игрите.

    Од листата на 70 пријавени, за најдoбра музика ќе се натпреваруваат пет номинирани композиции, од игри како „Асасинс крид“ и „Кол оф дјути“.

    Успехот на музиката за видеоигри со совпаѓа со севкупниот раст на глобалниот пазар на игри, кој во 2022  имаше вкупни приходи од 184,4 милијарди долари и се очекува да достигне приход од 211,2 милијарди долари до 2025.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира