Диригентот Густаво Дудамел ќе стане музички директор на Њујоршката филхармонија за сезоната 2026-2027, и со тоа ќе заврши неговиот мандат со Филхармонијата на Лос Анџелес, кој почна во 2009.
42-годишниот диригент од Венецуела потпиша петгодишен договор со Њујоршката филхармонија како уметнички и музички директор, соопшти Оркестарот. Дудамел ќе биде првиот Латиноамериканец кој ќе биде на чело на Филхармонијата, основана во 1842.
„Музичарите многу, многу јасно ни кажаа која е личноста која сакаат да дојде, дека Густаво е нивниот кандидат од соништата“, вели извршната директорка на Филхармонијата Дебора Борда, додавајќи: „Кога се обидувате да го регрутирате најбараниот диригент на светот, не правите класична потрага“.
Дудамел ќе остане музички директор на Операта во Париз, каде е од 2021, како и на Симфонискиот директор „Симон Боливар“ на Венецуела, каде е од 1999 и со кој ја стекна меѓународната репутација.