ВО ТЕТОВО ОТВОРЕНИ ДВА ПУНКТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

    ВО ТЕТОВО ОТВОРЕНИ ДВА ПУНКТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈАПунктовите ќе работат од 10 до 18 часот (Фото: СДК.МК)

    Во Тетово денеска се отворени два пункта на кои граѓаните ќе можат да донираат облека, храна и други производи како помош за Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес. Едниот пункт се наоѓа на градскиот плоштад, а вториот е во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Освен производи, помошта ќе може да биде и парична, за што е отворена наменска жиро-сметка. Пунктовите ќе работат од 10 до 18 часот.

    „Општина Тетово започна со собирање облека, храна, вода, ќебиња, медицинска опрема и друг вид донации за помош на турскиот и сирискиот народ. Граѓаните можат достават помош на собирните пунктови на градскиот плоштад и во гимназијата ‘Кирил Пејчиновиќ‘. За донирање парични средства отворена е посебна жиро-сметка“, соопштуваат од Општина Тетово.

    Советот на Општина Тетово на својата последна седница донесе одлука за донирање еден милион денари за помош на подрачјата во Турција и Сирија кои беа погодени од земјотресот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира