Засега нема информации за загинати или повредени македонски граѓани во синоќешниот напад во Берлин, кога камион влета во штандови на божикен панаѓур, информираат од македонската амбасада во Берлин.
Оттаму велат дека засега нема пријавено дека некој македонски граѓанин е жртва во инцидентот, кој, според полицијата, е терористички акт.
Во синоќешниот напад во Берлин бројот на загинати се искачи на 12 лица. Тројца од повредените им подлегнале на повредите во болница.