СЛОЖЕНАТА СИТУАЦИЈА ВО СИРИЈА ОСТАВА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕЗ ПОМОШ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, ИСЛАМИСТИТЕ НА СЕВЕРОТ ОДБИВААТ ПОМОШ ОД ДАМАСК

    СЛОЖЕНАТА СИТУАЦИЈА ВО СИРИЈА ОСТАВА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕЗ ПОМОШ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, ИСЛАМИСТИТЕ НА СЕВЕРОТ ОДБИВААТ ПОМОШ ОД ДАМАСКОН велат дека 5,3 милиони луѓе во Сирија останале без дом по земјотресот (Фото: Гети)

    САД ги повикаа сите страни во Сирија да им овозможат моментален пристап до хуманитарна помош на оние на кои им е потребна по минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој загинаа над 36.000 луѓе.

    Обединетите нации кажаа дека најмалку 870.000 луѓе во двете земји итно требаат топол оброк, а само во Сирија, 5,3 милиони луѓе моментално се без дом. Турција кажа дека во болниците има 80.000 повредени, а над милион луѓе се сместени во привремени засолништа.

    Десетици илјади спасувачи продолжуваат да пребаруваат по урнатините на смрзнувачки температури и од ОН велат дека спасувачката фаза полека завршува и приоритет станува обезбедување засолниште, храна и здравствена грижа за преживеаните.

    Северозападниот дел на Сирија, кој главно е под контрола на бунтовниците, досега прими малку помош, зашто фактички е запечатен од владата, а таму постои само еден граничен премин со Турција. Сириската влада минатата недела најави дека е подготвена да испрати помош во северните зони.

    ОН кажаа дека доставата на помош во бунтовничките области е отежната и поради проблемите со одобрението од тврдокорната група која контролира најголем дел од оваа територија. Станува збор за исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД и ОН ја имаат означено како терористичка организација и таа сега не прифаќа помош од владата во Дамаск.

    „Нема да му дозволиме на режимот да ја искористи ситуацијата и да покаже дека помага“, кажаа од ХТС.

    САД истовремено го притискаат Советот за безбедност да овозможи отворање на повеќе гранични премини помеѓу Турција и бунтовничкиот дел на Сирија, на што Русија досега се противеше. Од 2014, ОН имаат дозвола да испраќаат помош низ Турција, но тоа се одвиваше само преку еден граничен премин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира