ПОЧИНА СПОРТСКИОТ НОВИНАР ЗОРАН ПОПОВСКИ

    ПОЧИНА СПОРТСКИОТ НОВИНАР ЗОРАН ПОПОВСКИПоповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар, известувајќи најмногу за фудбалот (Фото: Спортманија)

    На 54 години денеска ненадејно почина спортскиот новинар Зоран Поповски, објави спортскиот сајт „Спортманија“, во чија редакција работеше во изминатите години.

    Поповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар, известувајќи најмногу за фудбалот. Беше дел од редакциите на телевизијата „А1“, дневните весници „Дневник“ и „Македонски спорт“ и сајтовите „Екипа“ и „Република“. Последниот работен ангажман го имаше во „Спортманија“, каде што беше од 2018 година.

    Поповски ќе биде погребан утре на Градските гробишта Бутел во 13 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира