ПРОНАЈДЕНИ КЛУЧНИТЕ СЕНЗОРИ И ЕЛЕКТРОНИКА ОД КИНЕСКИОТ БАЛОН СОБОРЕН НАД САД

    ПРОНАЈДЕНИ КЛУЧНИТЕ СЕНЗОРИ И ЕЛЕКТРОНИКА ОД КИНЕСКИОТ БАЛОН СОБОРЕН НАД САДСАД велат дека балонот бил користен за шпионирање на чувствителни воени локации (Фото: АП)

    Сензорите од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се извадени од Атлантскиот Океан, објави американската војска. Северната команда соопшти дека тимот за претрага пронашол значајни остатоци, вклучувајќи ги сите „приоритетни сензорски и електронски делови“.

    ФБИ ги истражува предметите, за кои САД велат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации.

    Властите кажаа дека голем дел од структурата на кинескиот балон бил пронајден покрај брегот на Јужна Каролина, а меѓу најдените предмети е и десетина метри долга антена.

    Вашингтон тврди дека балонот со големина на три автобуси служел за набљудувања од голема височина, додека Кина кажа дека неговата намена била строго метеоролошка.

    Американската војска собори уште три летечки предмети над Северна Америка во изминатите четири дена и од Белата куќа вчера кажаа дека засега не се знае што се тие, зашто нивните остатоци се наоѓаат на тешко пристапен терен. Еден имал големина на помал автомобил, друг бил цилиндричен, а вчера соборениот предмет бил осмоаголен.

    За цилиндричниот предмет, соборен над канадската провинција Јукон, Пентагон дополнително извести дека веројатно бил мал метален балон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира