ТУРСКИОТ ГРАД ЕРЗИН НЕМА ЖРТВИ И УРНАТИ ЗГРАДИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ЗАШТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ ДОЗВОЛУВАЛ ИЛЕГАЛНО ГРАДЕЊЕ

    ТУРСКИОТ ГРАД ЕРЗИН НЕМА ЖРТВИ И УРНАТИ ЗГРАДИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ЗАШТО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ ДОЗВОЛУВАЛ ИЛЕГАЛНО ГРАДЕЊЕВо целиот град со 42.000 жители се оштетени само неколку семејни куќи и џамии (Фото: Ен-Би-Си)

    Смрт и уништување го окружуваат Ерзин, но овој мал град во јужната турска провинција Хатај е оаза на безбедност и нормалност додека регионот се справува со последиците на катастрофалниот земјотрес, кој однесе над 41.000 животи во Турција и Сирија.

    Жители и официјални лица велат дека во Ерзин нема жртви и урнати згради по моќниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, иако се наоѓа стотина километри од неговиот епицентар. Според турскиот весник „Хуријет“, ова се должи на рестриктивните активности на градоначалникот Екеш Елмасоглу, кој не дозволил да се кршат важечките стандарди во градежништвото.

    Во целиот град со 42.000 жители се оштетени само неколку семејни куќи и џамии. Обемот на уништувањето е мал и затоа што најголем дел од станбените објекти се со четири ката, а највисоките згради имаат пет ката.

    „Не дозволив илегално градење под никакви околности. И покрај тоа, имаше некои кои се обидоа. Во почетокот не бевме во можност да ги следиме зашто немавме доволно персонал, но подоцна ги пријавивме тие луѓе во канцеларијата на обвинителот и ги срушивме нелегално изградените објекти“, вели Елмасоглу.

    Тој кажа дека во Турција е потребна целосна промена на менталитетот во поглед на почитувањето на градежните стандарди.

    „Граѓаните не треба да очекуваат никакви отстапки од државата кога е во прашање илегалното градење“, вели Елмасоглу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира