СВЕШТЕНИК ОД МОЗАМБИК ПОЧИНА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОСТИ 40 ДЕНА КАКО ИСУС

    СВЕШТЕНИК ОД МОЗАМБИК ПОЧИНА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОСТИ 40 ДЕНА КАКО ИСУСФрансиско Баража бил префрлен во болница по 25 дена без вода и храна (Фото: семејна фотографија)

    Свештеник од Мозамбик починал откако се обидел да пости 40 дена и да го повтори она што го направил Исус, како што стои во Библијата. Франсиско Баража, основач на евангелистичката црква „Санта Тринидаде“, умрел во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба и тоа на инсистирање на роднини и следбеници.

    На Баража му биле дијагностицирани акутна анемија и откажување на дигестивните органи и му биле дадени серуми како замена за течна храна, но било предоцна за да го спасат.

    По 25 дена без храна и вода, 39-годишниот Баража изгубил тежина до тој степен што веќе не можел да стои на нозе. Членовите на црквата кажаа дека за свештеникот и неговите следбеници било вообичаено да постат, но никогаш толку долго.

    Братот на Баража потврди дека тој постел, но ја оспори причината за смртта, велејќи дека страдал од низок притисок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира