Славната оперска куќа Скала во Милано отвори стриминг сервис преку кој ќе се прикажуваат опери, концерти и балети, што е нејзиниот обид да допре до што поголема публика низ светот. Првиот концерт на „Ла Скала ТВ“ се пренесуваше вчера, а вклучи три симфонии од Моцарт под диригентство на Даниел Баренбоим.
Со цените на билетот од 2,9 до 11,9 евра за еден пренос, гледачите оваа година ќе можат да бираат помеѓу седум оперски изведби, девет концерти и три балети.
„Целиме на глобална публика која не може физички да дојде во театарот, а сака да ги следи претставите. Особено сакаме да привлечеме млади луѓе и студенти“, соопшти Скала.
Во понудата се и претходно снимени претстави, документарци и посебни содржини, за кои не беа дадени детали.
„Овој проект е дел од пошироките напори да се модернизира театарот во пресрет на Олимпијадата во 2026 во Милано“, кажаа од Скала, која има 245-годишна историја.