ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ФИЛИПОВСКА-ГРАШКОСКА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ФИЛИПОВСКА-ГРАШКОСКА„Откако сум влезена во оваа институција максимално се заложувам, ги давам сите напори за да се обезбеди што е можно подобра услуга за граѓаните“, вели директорката на ФОЗМ. (Фото: К. Попов)

    Основното јавно обвинителство во Скопје почнало истрага откако Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) на 6 февруари пријавил дека е забележан технички проблем поради кој се исклучени сите системи и е повикан тим за првична дијагностика, рече денеска директорката на Фондот, Магдалена Филиповска-Грашкоска. Директорката вели дека време на хакерскиот напад на институцијата немало манипулација со матичните броеви на корисниците и дека податоците цело време биле безбедни.

    „Здравствените и личните податоци се безбедни и граѓаните непречено може да си ги остваруваат сите свои права. Системите на Фондот се вратени речиси во нормала. Податоците се безбедни и биле безбедни. Нападот беше насочен само на системите во кои спаѓаат виртуелни системи, но не и на податоците. Податоците од граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи со голо око без поврзување на апликативниот сервер кој во нашиот случај не беше афектирани во сегашниот напад. Се работи за виртуелни сервери на Фондот кои се лоцирани во рамки на интерниот дата центар“, кажа таа додавајќи дека Фондот е преземено сѐ што може да се преземе за да се заштитат од можни нови напади.

    На новинарско прашање кој е одговорен и дали чувствува лична одговорност и колку пари бараа хакерите за да го одблокираат системот, директорката на ФЗО рече дека е отворена истрага и оти истрагата ќе утврди кој е точно одговорен за хакерскиот напад на институцијата.

    „Отворена е истрага, тоа е предмет на истрага. Има прелиминарна анализа направено, меѓутоа и таа е вклучена во истрагата. Сите овие прашања ќе бидат одговорени по завршување на истрагата. За себе лично можам да кажам дека од првиот момент откако сум влезена во оваа институција максимално се заложувам, ги давам сите напори за да се обезбеди што е можно подобра услуга за граѓаните. И во овие две недели и јас и сите колеги овде максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот што е решен за толку брзо време покажува дека ние си ја вршиме работата како што треба“, рече директорката.

    Поради хакерскиот напад, доцнеа јануарски плати на вработените во јавното здравство, како и исплатите на породилните отсуства, боледувањата и рефундациите. Директорката кажа дека системот е вратен во функција, платите, боледувањата, породолното, сѐ е исплатено.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира