ЅВЕЗДИТЕ НА БЕРЛИНАЛЕ ИЗЛЕГОА СО ТРАНСПАРЕНТИ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

    ЅВЕЗДИТЕ НА БЕРЛИНАЛЕ ИЗЛЕГОА СО ТРАНСПАРЕНТИ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМНа настанот ѕвездите држеа транспаренти во боите на знамето на Украина. (Фото: ДПА)

    Педесетина гости на Берлиналето, меѓу кои и филмски ѕвезди, се собраа на црвениот килим на Берлиналето, во знак на поддршка за Украина, на годишнината од руската инвазија. Тие држеа транспаренти во боите на знамето на Украина на кои стоеше „Поддршка за Украина“ (Stand with Ukraine).

    Освен директорите на Берлинале, Мариет Рисенбик и Карло Катријан, дојдоа и американската актерка Кристен Стјуарт, која е претседателка на жирито, како и останатите членови на жирито. Ним им се придружија и министерката за култура на Берлин Клаудија Рот и украинскиот амбасадор во Германија, Олексеј Макиев.

    За време на светски познатиот филмски фестивал, кој завршува денес, беа испратени повеќе пораки за солидарност кон Украина, а имаше и дискусии за војната.

    На свеченото отворање на 16 февруари, преку видео се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски, се прикажаа повеќе филмови за војната, меѓу кои и документарниот филм „Супермоќ“ на Шон Пен и Арон Кауфман за Зеленски, руската инвазија на земјата и тековната војна.

    Победниците на Берлинале ќе бидат објавени вечерва на гала церемонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира