УАПСЕН ШЕФОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ЛАРИСА ПО СУДИРОТ НА ДВА ГРЧКИ ВОЗА, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАГИНАТИТЕ СЕ 20-ГОДИШНИЦИ

    УАПСЕН ШЕФОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ЛАРИСА ПО СУДИРОТ НА ДВА ГРЧКИ ВОЗА, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАГИНАТИТЕ СЕ 20-ГОДИШНИЦИТочниот број на жртвите и натаму не е познат (Фото: АП)

    Шефот на железничката станица во Лариса е уапсен по директниот судир на два воза во близина на овој грчки град ноќеска, при што загинаа најмалку 36 луѓе, а над 70 се хоспитализирани. Полицијата кажа дека 59-годишниот маж, задолжен за сигнализацијата, е обвинет за убиство од небрежност и за нанесување телесни повреди од небрежност. Тој ги негирал обвинувањата и рекол дека причината за несреќата можеби е техничка грешка.

    Грчкиот министер за транспорт Костас Караманлис изјави дека точниот број на жртвите и натаму не е познат.

    „Потрагата и спасувачката операција многу тешко се одвиваат. Барам да останеме мирни и да сториме сè што можеме за да ги истражиме причините. Ништо не смее да се заташка“, кажа Караманлис.

    Останува нејасно како двата воза се нашле на истата пруга во моментот на несреќата. Патничкиот воз со 342 патници сообраќал на линијата Атина-Солун, додека товарниот воз се движел од Солун кон Лариса кога се судриле синоќа пред полноќ.

    Од болницата во Лариса кажаа дека најголем дел од загинатите се млади луѓе, во 20-ти години. Околу 250 патници безбедно се евакуирани со автобуси до Солун. Голем дел од патниците биле студенти кои се враќале дома после празник. Премиерот Мицотакис прогласи тридневна национална жалост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира