ПРОТЕСТИ И ШТРАЈКОВИ ВО ГРЦИЈА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНАА 43 ЛУЃЕ, ВОЗОВИТЕ ДЕНЕСКА НЕМА ДА ВОЗАТ НИЗ ЗЕМЈАТА

    ПРОТЕСТИ И ШТРАЈКОВИ ВО ГРЦИЈА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНАА 43 ЛУЃЕ, ВОЗОВИТЕ ДЕНЕСКА НЕМА ДА ВОЗАТ НИЗ ЗЕМЈАТАСпасувачите до доцна во ноќта бараа преживеани во уништените вагони (Фото: АП)

    Во неколку градови во Грција синоќа се протестираше поради тешката железничка несреќа кај Лариса, во која загинаа најмалку 43 луѓе, додека денеска нема да возат возови низ земјата откако синдикатот на вработените во железницата објави 24-часовен штрајк.

    Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Грчки железници во Атина, а протести се одржаа и во Солун и Лариса.

    Спасувачите до доцна во ноќта бараа преживеани во уништените вагони, иако, како што велат, надежите за тоа беа многу мали. Шефицата на судска медицина во болницата во Лариса, Рубини Леондари, кажа дека кај неа биле донесени 43 тела и дека ќе биде потребна ДНК анализа за нивна идентификација.

    Повеќето од нив се млади луѓе“, изјави таа.

    Педесет и седуммина повредени и натаму се во болница, од кои шестмина се на интензивна нега. Потврдено е дека меѓу загинатите се и осуммина вработени во железницата, вклучувајќи ги и четворицата возачи на патничкиот и товарниот воз кои директно се судриле додека необјасниво се движеле по истата пруга, иако на тоа место има два колосека.

    Владата кажа дека независна истрага ќе ја донесе правдата. Вчера беше уапсен 59-годишниот шеф на железничката станица во Лариса, кој рекол дека несреќата е резултат на техничка грешка. Тој денеска ќе се појави пред обвинител, откако вчера беше обвинет за убиство од небрежност.

    Од железничките синдикати веруваат дека безбедносните системи не работеле како што треба, на што се предупредувало со години. Целодневен штрајк најавија и вработените во атинското метро, велејќи дека се соочуваат со слични проблеми како железницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира