ПАРАВОЕНАТА УКРАИНСКА ГРУПА РУСКИ ВОЛОНТЕРСКИ КОРПУС ТВРДИ ДЕКА НЕЈЗИНИ БОРЦИ УПАДНАЛЕ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА

    ПАРАВОЕНАТА УКРАИНСКА ГРУПА РУСКИ ВОЛОНТЕРСКИ КОРПУС ТВРДИ ДЕКА НЕЈЗИНИ БОРЦИ УПАДНАЛЕ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈАГрупата сними видео, но негираше дека пукала на цивили (Фото: Твитер)

    Група наречена Руски волонтерски корпус тврди дека нејзини борци ја преминале границата со Русија, но ги негираше извештаите дека има цивилни жртви.

    Ова следува по руските тврдења за упадот на украински саботери во пограничниот регион Бријанск, при што локалниот гувернер кажа дека било пукано на автомобил во движење, како резултат што било убиено едно лице, а десетгодишно дете било рането.

    Кремљ кажа дека Русија била нападната од терористи откако се појавија спротивставени извештаи за престрелки во регионите Бријанск и Курск, за кои руските медиуми ги обвинија украинските диверзантски групи, а Киев рече дека е класична руска провокација. Путин притоа го откажа планираното патување во Ставропол.

    Паравоената проукраинска група која се нарекува себеси Руски волонтерски корпус објави видео во кое вели дека ја преминале границата и порача „дека е време обичните руски граѓани да сфатат дека не се робови“. Во видео снимено во селото Љубечане се појавува и основачот на групата Денис Капустин, крајнодесничарски руски фудбалски хулиган, при што во позадина се слушаат истрели.

    Групата тврди дека 45 нејзини членови влегле во Русија.

    Дојдовме, снимивме видео, направивме заседа на две пешадиски оклопни возила. Не видовме повредени деца, само еден граничар. Не земавме никакви заложници“, вели еден припадник на групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира