БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА ПОРАСНА НА 57, ШЕФОТ НА СТАНИЦАТА ВО ЛАРИСА ПРИЗНА ДЕКА СНОСИ ВИНА

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА ПОРАСНА НА 57, ШЕФОТ НА СТАНИЦАТА ВО ЛАРИСА ПРИЗНА ДЕКА СНОСИ ВИНАСпасувачките екипи и натаму ги пребаруваат остатоците од уништените вагони (Фото: АП)

    Бројот на загинати во железничката несреќа во Грција порасна од 46 на 57, потврдија од болницата во Лариса. Елени Загелиду, еден од десетте лекари кои ја вршат обдукцијата, кажа дека земале ДНК примероци од 57 тела. Претходно беше кажано дека уште десетина лица се водат како исчезнати. 

    Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат остатоците од уништените вагони, додека се зголемува гневот на јавноста кон властите. Синоќа имаше протести во Атина, Солун и Лариса, додека железничкиот сектор стапи во општ 24-часовен штрајк, па возовите не возеа низ целата земја.

    Несреќата се случи во вторникот пред полноќ, кога патнички воз со 342 патници директно се судри со товарен воз, кој необјасниво се движел по истата пруга.

    Педесет и деветгодишниот шеф на железничката станица во Лариса е уапсен и денеска се појави во суд, при што и формално беше обвинет за опасно попречување на сообраќајот, но се очекува да добие и други обвиненија. Неговиот адвокат Стефанос Панцарцидис кажа дека тој признал дека ја дели одговорноста за несреќата.

    Тој буквално е уништен. Од првиот момент ја презеде одговорноста сразмерна на него“, изјави Панцарцидис, навестувајќи дека има и други виновни.

    Многумина од патниците биле студенти кои се враќале во Солун по продолжен празничен викенд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира