Двајца се убиени, а еден е повреден во пресметка во кафуле на влезот на старата скопска чаршија од страната на Калето во понеделнкот навечер.
Според првичните информации од полицијата и од дежурниот јавен обвинител неколку маскирани лица со огнено оружје влегле во кафулето нешто по 20 часот и пукале кон двајца кои починале на лице место, додека повредениот бил пренесен во болница со прострелни рани.
Напаѓачите избегале со возило, кое според полициски информации подоцна било најдено запалено.
МВР и Обвинителството во понеделник навечер не излегоа со дополнителни информации.