ЕДЕН ОД УБИЕНИТЕ ВО „ШИША БАР“ ИЗБЕГАЛ ОД СУДЕЊЕ ЗА УБИСТВО ВО ХОЛАНДИЈА

    ЕДЕН ОД УБИЕНИТЕ ВО „ШИША БАР“ ИЗБЕГАЛ ОД СУДЕЊЕ ЗА УБИСТВО ВО ХОЛАНДИЈАДвојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи на 6 март, кога маскирани лица ги убија Енес Исени и Јетон Кривањева, испукувајќи 40-50 куршуми. (Фото: СДК.МК)

    Енес Исени, еден од двајцата убиени во „Шиша бар“ во старата скопска чаршија, избегал од судење за убиство во Холандија. Како што објавија холандските медиуми, 28-годишникот бил осомничен дека пред две години бил вклучен во пукање во Берген ан Зе во кое бил убиен Колумбиец.

    Во февруари 2021, Исени бил уапсен како еден од деветмината осомничени за убиството, па потоа пуштен под услов да не ја напушта земјата и да го предаде пасошот во холандски суд. Но, тој ги прекршил овие мерки и избегал во Македонија. Судењето за убиството на Колумбиецот почна вчера во Холандија.

    Двојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи на 6 март, кога маскирани лица ги убија Исени и Јетон Кривањева, испукувајќи 40-50 куршуми.

    Шефот на Скопското обвинителство Гаврил Бубевски кажа дека станува збор за пресметка за позиции на нарко-пазарот.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира