КИНЕСКИОТ ЛИДЕР ШЈИ ЏИНПИНГ ДОПАТУВА ВО МОСКВА, ПУТИН СО ПОСЕТАТА САКА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ИМА МОЌЕН ПРИЈАТЕЛ

    КИНЕСКИОТ ЛИДЕР ШЈИ ЏИНПИНГ ДОПАТУВА ВО МОСКВА, ПУТИН СО ПОСЕТАТА САКА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ИМА МОЌЕН ПРИЈАТЕЛШји и Путин ќе имаат заеднички ручек, а потоа и неформална средба еден на еден (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг пристигна во Москва, каде што ќе се сретне со Владимир Путин, кој се надева дека ќе добие поддршка додека се соочува со западните притисоци околу војната во Украина. Двајцата лидери ќе имаат заеднички ручек, а потоа и неформална средба еден на еден, додека за утре се планирани формални разговори помеѓу делегациите.

    Кина и Русија ја најавија тридневната посета на Шји како „обид да се зајакне нивното неограничено пријателство“.

    Русија го претставува доаѓањето на Шји како доказ дека има моќен пријател подготвен да му помогне против непријателскиот запад, додека Кина се обидува да се наметне како глобален миротворец кој сака да посредува во изнаоѓање решение за војната во Украина. Пекинг неодамна го објави својот мировен план за Украина, додека истовремено ги зајакнува врските со Русија.

    Дванаесетте кинески предлози содржат само општи забелешки и не нудат конкретни решенија за завршување на едногодишната војна. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека ќе ги земе предвид дури откако руската војска се повлече од неговата земја.

    Отфрлајќи ги западните обвинувања дека планира да ѝ испрати оружје на Русија, Кина вели дека нејзината цел е поблиско енергетско партнерство, при што од почетокот на војната во Украина го засили увозот на руските нафта, гас и јаглен и така заштеди милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира