МЕДИУМСКИОТ МАГНАТ РУПЕРТ МАРДОК ЌЕ СЕ ЖЕНИ ПО ПЕТТИ ПАТ НА 92 ГОДИНИ

    МЕДИУМСКИОТ МАГНАТ РУПЕРТ МАРДОК ЌЕ СЕ ЖЕНИ ПО ПЕТТИ ПАТ НА 92 ГОДИНИМардок лани се разведе од четвртата сопруга Џери Хол (Фото: Гети)

    Деведесет и двегодишниот медиумски магнат Руперт Мардок објави дека се свршил со својата партнерка Ен Лесли Смит, која е поранешна полициска офицерка. Тој и 66-годишната Смит се запознале во септември на настан во неговото лозје во Калифорнија.

    Се плашев да се заљубам, но знаев дека ќе ми биде последен пат. Среќен сум“, изјави Мардок.

    Тој се разведе од четвртата сопруга, бишвата манекенка Џери Хол, минатата година.

    За двајцата, ова е подарок од Господ. Вдовица сум 14 години. Како Руперт, и мојот сопруг беше бизнисмен, така што се разбираме со Руперт. Делиме исти верувања“, изјави Смит.

    Мардок има шест деца од првите три брака со австралиската стјуардеса Патриша Букер, шкотската новинарка Ана Ман и кинеската бизнисменка Венди Донг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира