КАРАЏОВСКИ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ПОВТОРНО БИ СЕ КАНДИДИРАЛ ЗА СУДИЈА, ВЕЛИ УСТАВНО Е ЗАБРАНЕТ ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СУДИИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАРАЏОВСКИ НЕ КАЖУВА ДАЛИ ПОВТОРНО БИ СЕ КАНДИДИРАЛ ЗА СУДИЈА, ВЕЛИ УСТАВНО Е ЗАБРАНЕТ ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СУДИИТЕ

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на прашање дали ако има генерален реизбор на судиите, тој повторно би се кандидирал за судија на таков оглас, што се најавува од лидерот на опозицијата Зоран Заев, не одговара децидно и упатува што вели Уставот за тоа.

    „Значи генерален реизбор на судии не е можно да има. Тоа не е дозволено ниту со Уставот, ниту со Законот за судови. Уставот и Законот за судови се носат со двотретинско мнозинство, значи од 120, минимум 80 пратеници треба да гласаат за измена. Не можеме да предвидиме во која насока би се изменил Уставот. Уставно начело е, преточено и во Законот за судови, дека мандатот на судиите е траен. Значи, генерален реизбор не е можен“, одговори Караџовски.

    Лидерот на опозицијата Зоран Заев, пак, повеќе пати кажа дека за него тоа прашање е апсолвирано и најави дека ако СДСМ формира влада, генерален реизбор на сите 650 судии, ќе има. Според него, само така  правдата и владеењето на правото, кои се сега комплетно во рацете на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ќе се вратат во рацете на граѓаните, и само така, како што смета Заев, ќе се врати довербата на граѓаните во судството.

    На денешната седница Судскиот совет вонредно ги оценуваше кандидатите за претседатели на Врховниот суд, на Основниот суд Скопје 1, на Апелациониот суд Штип и на Основниот суд Тетово.

    Изборот на претседатели за Врховниот и Кривичниот суд нема да се случи пред Нова година, рече Караџовски. На новинарско прашање во врска со претставките пред Советот за разрешување на судии, што се водат за дел од кандидатите за претседатели на Врховниот и на кривичниот суд, рече дека при вонредното оценување, тие воопшто нема да се земат предвид, бидејќи од ним познати причини, некои кандидати си ги поднесувале меѓусебно токму во време додека трае огласот и изборот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира