Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ ќе добијат пломба и забрана за работа од 10 дена поради непочитување на работното време. Во контроли на Пазарната инспекција низ локали во Скопје изминатиов викенд, во овие два локали биле констатирано дека журката траела и после еден часот по полноќ. Инспекторите влегле во објектите околу 1.30 откако изминатиот период граѓани постојано пријавувале дека не се почитува работното време и од кафулињата ечи музика по цела ноќ.
„Записниците се изготвени и казната е 10 дена пломба односно затворање. Во текот на денешниот ден треба решенијата да се достават по што локалите ќе бидат пломбирани“, велат од Пазарната инспекција.
За „Интермецо“ и „Мош“ постојано до Општина Центар стигаат поплаки од граѓани за гласна музика. Општината неколкупати досега има изречено казни за бучава.
А. АНТЕВСКА