Американски новинар кој работи за „Вол Стрит Џурнал“ е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти руската безбедносна служба ФСБ.
Иван Гершкович, искусен новинар за Русија, работеше во Јекатеринбург кога се случило апсењето. „Вол Стрит Џурнал“ вели дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност и категорично ги отфрла обвинувањата против него. Кремљ тврди дека новинарот е фатен на дело.
ФСБ соопшти дека „запреле нелегални активности“ и дека новинарот делувал по инструкции на САД и собирал државни тајни.
Последниот текст на Гершкович од неделава беше за опаѓачката руска економија и како Кремљ е принуден да се справува со растечките трошоци за војската.