ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАТВОРИ „ИНТЕРМЕЦО“ И “МОШ“ ОТИ ГАЗДИТЕ СЕ КРИЈАТ И НЕ ГО ПРИМААТ РЕШЕНИЕТО ЗА ПЛОМБИРАЊЕ

    ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАТВОРИ „ИНТЕРМЕЦО“ И “МОШ“ ОТИ ГАЗДИТЕ СЕ КРИЈАТ И НЕ ГО ПРИМААТ РЕШЕНИЕТО ЗА ПЛОМБИРАЊЕГаздите тераат инает со Пазарната инспекција, не ги примаат решенијата и не дозволуваат да бидат затворени.(Фото: К.Попов)

    Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ сè уште не се затворени и си работат иако Пазарната инспекција уште минатиот петок им изрече казна, забрана за работа од 10 дена. Двата локали беа казнети бидејќи не го почитуваа работното време односно ечела музика и после еден часот по полноќ.

    По голем број пријави на граѓани, во заедничка акција на Пазарната инспекција и Општина Центар инспектори влегоа во кафулињата околу 1.30 по полноќ и било констатирано дека го прекршуваат работното време. Но, оттогаш помина една недела, а локалите уште не се пломбирани оти газдите не ги примаат решенијата и не дозволуваат да бидат затворени.

    Директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски тврди дека кафулињата ќе бидат затворени, но мора да ги почитуваат законските постапки.

    „Бидејќи газдите не сакаат да ги примат решенијата ние ги испративме по курир. Сега се чека да помине рокот сами да се затворат, а доколку тоа не го направат ќе бидат пломбирани од наша страна. Нема да има отстапки, секој мора да го почитува законот и така ќе биде во овој случај“, вели Трајковски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира