САРА ПОЛИ ЗА 1 АПРИЛ ИЗЛАЖАНА ОД 11-ГОДИШНИОТ СИН ДЕКА МОРА ДА ГО ВРАТИ ОСКАРОТ ЗА НАЈДОБРО СЦЕНАРИО

    САРА ПОЛИ ЗА 1 АПРИЛ ИЗЛАЖАНА ОД 11-ГОДИШНИОТ СИН ДЕКА МОРА ДА ГО ВРАТИ ОСКАРОТ ЗА НАЈДОБРО СЦЕНАРИОМинатиот месец, Поли беше наградена за филмот „Жени зборуваат“ (Фото: ЕПА)

    Канадската филмаџијка Сара Поли откри дека била жртва на „сурова“ првоаприлска шега, во која ѝ било кажано дека мора да го врати неодамна освоениот Оскар. Шегата ја извело нејзиното 11-годишно дете, кое преку писмо на Твитер ја известило дека Оскарот ѝ бил доделен по грешка.

    Минатиот месец, Поли освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Жени зборуваат“. Во писмото стоело дека сега мора да го врати во Лос Анџелес.

    Можете да ја задржите наградата уште една недела и да уживате во неа во вашиот дом, но потоа ќе мора да ја вратите, со цел да му припадне на вистинскиот добитник, ‘На западот ништо ново‘. Жалиме за вашата загуба, но најфер е филмот со најдобро адаптирано сценарио да го добие Оскарот“, пишувало во писмото.

    Во шегата се вклучил и Едвард Бергер, режисерот на „На западот ништо ново“, кој ѝ пишал на Поли да му го испрати Оскарот на домашна адреса во Германија.

    Поли вели дека по некое време сфатила дека писмото не било испратено од Оскаровската академија.

    Не бев импресионирана. Не очекував моето дете да удри така ниско на денот на шегата“, кажа Поли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира