УНГАРСКИТЕ ВЛАСТИ РЕКОА ДЕКА 10-ЧАСОВНИОТ ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ХОРГОШ БИЛ ОТИ ИМАЛО МНОГУ АВТОБУСИ СО СРЕДНОШКОЛЦИ, ВЕЛИ МНР

    УНГАРСКИТЕ ВЛАСТИ РЕКОА ДЕКА 10-ЧАСОВНИОТ ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ХОРГОШ БИЛ ОТИ ИМАЛО МНОГУ АВТОБУСИ СО СРЕДНОШКОЛЦИ, ВЕЛИ МНРОд МНР велат дека откако добиле информација оти 200 скопски средношколци 10 часа чекаат на Хоргош било интервенирано преку амбасадата во Будимпешта. (Фото: Принтскрин од вебкам на МВР Србија)

    Учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ утрово околу 8 часот ја минале унгарската граница откако интервенирало македонското Министерството за  надворешни работи (МНР). Како што велат од МНР, откако добиле информација дека 4 автобуси со  200 средношколци 10 часа чекаат на граничниот премин Хоргош, било интервенирано преку амбасадата во Будимпешта.

    „Амбасадата во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин“, велат од МНР.

    Од Министерството за надворешни работи велат дека граѓаните покрај во амбасадите можат да пријавување било какви проблеми при патувањата во странство на СОС телефонот во Министерството 075 273-732.

    Учениците вчера напладне тргнале на екскурзија до Братислава и Прага со 4 автобуси, но откако за еден час ја минале границата за излез од Србија кај Суботица, тие од синоќа од 23 часот беа заглавени во меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија, затоа што унгарските власти без објаснување не ги пропуштаа.

    Граничниот премин Хоргош е и влез во Европската унија и Шенген зоната, а е озлогласен по лошиот третман на патниците кои оттука влегуваат во ЕУ, и затоа поголемиот дел туристички агенции од Македонија на турите за Словачка и Чешка го избегнуваат и го земаат подолгиот пат преку Хрватска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира