ЈАКОВ МИЛАТОВИЌ УБЕДЛИВО ВОДИ ПРЕД ЃУКАНОВИЌ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ЈАКОВ МИЛАТОВИЌ УБЕДЛИВО ВОДИ ПРЕД ЃУКАНОВИЌ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИМилатовиќ има голема шанса да го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија (Фото: Танјуг)

    Јаков Милатовиќ има убедлива предност во однос на Мило Ѓукановиќ по денешниот втор круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат првичните резултати.

    Според податоците на Центарот за мониторинг и истражување, 37-годишниот Милатовиќ освоил 60,3% гласови, додека за актуелниот претседател гласале 39,7% избирачи. Излезноста во вториот круг била над 70%.

    По првиот круг пред две недели, Ѓукановиќ имаше предност од околу 6% во однос на Милатовиќ, на кого поддршка му ветија Андрија Мандиќ и Алекса Бечиќ, кои тогаш вкупно освоија 30% гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира