„ВАГНЕР“ ОБЈАВИ ДЕКА ГО КРЕНАЛ РУСКОТО ЗНАМЕ ВО БАХМУТ, НО ДЕКА БОРБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

    „ВАГНЕР“ ОБЈАВИ ДЕКА ГО КРЕНАЛ РУСКОТО ЗНАМЕ ВО БАХМУТ, НО ДЕКА БОРБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТУкраина го отфрли видеото на Евгени Пригожин како глума

    Шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин, објави дека го кренал руското знаме на зградата на градското собрание на Бахмут, додавајќи дека украинските сили и натаму се концентрирани во западните делови од градот.

    Од правна гледна точка, Бахмут сега е руски“, вели Пригожин во ноќно видео.

    Украина го отфрли видеото како глума и кажа дека нејзината армија и натаму го држи Бахмут, за кој борби се водат уште од летоска. Претседателот Володимир Зеленски призна дека борбите околу Бахмут остануваат исклучително жешки, но не даде назнаки дека градот паднал во руски раце. Тој притоа им се заблагодари на бранителите на Бахмут, Авдивка и Маринка.

    Според Институтот за проучување војна, Украинците и натаму држат добар дел од градот, иако руските сили се обидуваат да ги опколат од истокот и југот.

    „Градското собрание се наоѓа во делот од градот за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола“, велат од Институтот.

    Украинските воени заповедници велат дека противофанзивата не е далеку, нагласувајќи ја важноста градот да се задржи дотогаш. Угледниот украински воен аналитичар Олег Жданов кажа дека борбите го зафатија центарот на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира