МАЖ УПАДНА СО СЕКИРА ВО ГРАДИНКА ВО БРАЗИЛ И УБИ ЧЕТИРИ ДЕЦА

    МАЖ УПАДНА СО СЕКИРА ВО ГРАДИНКА ВО БРАЗИЛ И УБИ ЧЕТИРИ ДЕЦАПолицијата кажа дека напаѓачот се предал

    Најмалку четири деца се убиени откако маж упадна со секира во градинка во бразилскиот град Блуменау. Уште четири деца се повредени во нападот што го извршил 25-годишен маж, од кои едно е во сериозна состојба. Полицијата кажа дека напаѓачот се предал и се наоѓа во притвор.

    Итните служби соопштија дека во моментот на нападот во градинката имало 40 деца.

    Напаѓачот прескокнал ѕид со цел да влезе во приватната градинка. Се чини дека жртвите биле случајно избрани“, кажаа властите, кои прогласија тридневна жалост во провинцијата Санта Катарина.

    Нападот следува десетина дена откако тинејџер избоде наставник до смрт и рани уште четири лица во училиште во Сао Пауло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира