ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ АРТАН ГРУБИ ЗА КООРДИНАТОР ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРОТ 8

    ВЛАДАТА ГО НАЗНАЧИ АРТАН ГРУБИ ЗА КООРДИНАТОР ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРОТ 8Владата вели дека Груби е назначен заради важноста за навремена реализација на проектите. (Фото: Влада на РСМ)

    Првиот вицепремиер Артан Груби е назначен за координатор за следење на работите и за координација на сите активности за проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Албанија и Косово и реализацијата на Коридорот 8, соопшти Владата по денешната седница.

    Владата вели дека Груби е назначен заради важноста за навремена реализација на проектите вредни 1,3 милијарди евра.

    Владата вчера организираше свеченост за отворање табла за проектот за изградба на четири автопатишта кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ вредни 1,3 милијарди евра. На настанот, кај наплатната рампа Тетово – Гостивар, премиерот Димитар Ковачевски и координаторот на проектот и вицепремиер Артан Груби не дозволија новинарите да им поставуваат прашања. На настанот присуствуваа и говореа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, претседателот на ДУИ Али Ахмети, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во говорите тие си се фалеа и заблагодаруваат еден на друг за трудот вложен да се реализира овој проект и кажуваа колку овој проект е важен за државата.

    По говорите отворија табла на која имаше слика од автопат и бројот 8 кој го означува коридорот 8. Немаше почеток на никакви градежни работи, немаше фрлање на прва лопата, ниту пак на делницата имаше градежна механизација. Сепак, Владата отворањето на таблата го претстави како почеток на проектот иако за автопатиштата градежните работи уште не можат да почнат бидејќи нема проекти. Конзорциумот „Бехтел и Енка“ допрва треба да ги проектира трасите, па потоа да почне да гради.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира