Директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски поднесе, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов кој сега е директор на „Македонски пошти“. Ковачески денеска му најавил на премиерот Димитар Ковачевски дека се повлекува, а оставката писмено ќе ја достави до Владата утре.
„Ковачевски ме информираше дека поднесува одлука од лични причини. Оваа работа со него ја дискутиравме уште минатата година кога сакаше да се повлече од функцијата, бидејќи сакаше да се посвети повеќе на семејството. Оставка ќе биде прифатена на наредна седница на Владата, кога за нов директор ќе биде именуван Васко Стефанов кој е сега е директор на Пошти“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со Васко Ковачевски за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година.
Васко Ковачевски беше именуван за директор на ЕСМ на 17 јули 2019, а претходно беше директор на РЕК Битола.
А. АНТЕВСКА