НЕ МОЖЕШ НЕКОГО СО СИЛА ДА НАТЕРАШ НА МУАБЕТ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЗА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

    НЕ МОЖЕШ НЕКОГО СО СИЛА ДА НАТЕРАШ НА МУАБЕТ, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЗА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТВо овој момент нема согласност меѓу партиите за уставни измени, рече Пендаровски во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, каде одржа предавање пред студентите од оваа образовна институција. Пред почетокот на предавањето, одговори на новинарски прашања за некои од моментално актуелните теми во државата. На прашање дали е можен договор на партиите за уставните промени претседателот Пендаровски изјави:

    „За средба мора да има согласност од двете, трите, петте претпоставени страни учеснички. Во овој момент нема таква согласност. Ако некој сака да разговараме за т. н. хрватски модел, другата страна вели таа работа сме ја решиле пред 20 и повеќе години. Ако првава страна вели да разговараме за Бугарите во Уставот, зошто да не, бидејќи тоа е главна претпоставка за да продолжиме кон Европа, другава страна вели не. Не можеш со сила некого да натераш на муабет“, изјави претседателот Пендаровски.

    На новинарско прашање за предлогот на албанските партии за замена на 20 проценти со албански јазик, претседателот Пендаровски рече: „Јас сум го кажал тоа многу пати и тоа едно две-три години наназад, и тоа апсолутно не ми пречи и прв би поддржал бидејќи мислам дека тоа е природна, нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки“.

    Претседателот Пендаровски коментираше дали ќе ги потпише законските измени во врска со изградбата на Коридорот 8. „Кога ќе ги донесат законите во конечна верзија и кога ќе ги изгласаат во Парламентот, тогаш ќе седнеме со мојот правен тим и ќе видиме дали има основа за такво нешто. Инаку во однос на потпишување укази за важење на Законите, обично не примам совети од никого, а најмалку од политички партии“, рече тој.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира