Уставниот суд на Франција го одобри покачувањето на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години и го отфрли повикот на политичката опозиција за референдум по ова прашање. Судот, сепак, утврди дека некои од реформите имаат правни недостатоци.
Од јануари, низ Франција имаше 12 дена масовни протести и штрајкови поради непопуларните пензиски реформи. Владата ги усвои во март со повикување на специјални уставни овластувања, со цел да се избегне гласање во парламентот.
Претседателот Макрон тврдеше дека реформите се неопходни со цел да се спречи колапс на пензискиот систем.
„Денеска нема ни победници, ни губитници“, изјави премиерката Елизабет Борн.