Компанијата на Илон Маск Спејс Екс го одложи првото лансирање на најмоќната ракета некогаш направена.
Милијардерот кажа дека огромната ракета не може да полета поради замрзнат вентил, но дека ќе се обидат повторно во наредните неколку дена.
Илјадници луѓе се собраа на плажите на Мексиканскиот залив со надеж дека ќе бидат сведоци на првото лансирање на ракетата наречена Вселенски брод, за која што има надежи дека ќе овозможи патувања до други планети.
Кога успешно ќе биде лансирана, планирано е ракетата да ја обиколи Земјата и да слета кај Хаваи. Пред денешниот обид за лансирање, Маск кажа дека треба да се намалат очекувања, а по откажувањето рече дека неговиот тим научил многу.