ЧЛЕНОВИ НА КЕНИСКА СЕКТА ГЛАДУВАЛЕ ДО СМРТ ЗА ДА ГО СРЕТНАТ ИСУС, ПРОНАЈДЕНИ НАД 20 ТЕЛА

    ЧЛЕНОВИ НА КЕНИСКА СЕКТА ГЛАДУВАЛЕ ДО СМРТ ЗА ДА ГО СРЕТНАТ ИСУС, ПРОНАЈДЕНИ НАД 20 ТЕЛАГробовите се пронајдени во шумата каде што беа спасени 15 припадници на црквата Добри вести (Фото: Стрингер)

    Кениската полиција ексхумираше 21 тело близу крајбрежниот град Малинди и кажа дека истражува проповедник кој им рекол на своите следбеници да гладуваат до смрт. Меѓу жртвите се и девет деца, а полицијата очекува да пронајде уште тела.

    Плитките гробови се пронајдени во шумата каде што минатата недела беа спасени 15 припадници на црквата Добри вести. Проповедникот Пол Мекензи Нтенге е во притвор. Државните медиуми го опишаа како лидер на секта и известија дека досега биле идентификувани 58 гробови.

    Се верува дека во еден од гробовите се телата на петмина членови на едно семејство, вклучувајќи три деца.

    Мекензи тврди дека ја затворил црквата во 2019 година. Откако ги крстил во езерце, тој наводно им кажал на своите следбеници да гладуваат со цел да го сретнат Исус.

    Во шумата дојдовме до област во која имаше голем и висок крст. Знаеме дека тоа значи дека тука се погребани повеќе од пет луѓе“, изјави Виктор Каудо од Центарот за социјална правда во Малинди.

    Кенија е религиозна земја и во минатото имало и други случаи на привлекување луѓе во опасни, нерегулирани цркви и секти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира