НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА МРТВИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, КИЕВ ГАЃАН ПРВПАТ ПО 51 ДЕН

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА МРТВИ ВО РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, КИЕВ ГАЃАН ПРВПАТ ПО 51 ДЕНЧетворица цивили загинале откако била погодена деветкатница во Уман (Фото: министерство за внатрешни работи на Украина)

    Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот руски ракетен напад на Украина, во кој првпат по 51 ден беше гаѓан и Киев. Жена и нејзиното тригодишно дете загинале во Днепар, а четворица цивили загинале откако била погодена деветкатница во градот Уман во централниот регион Черкаски, која притоа е тешко оштетена. Во нападот на Уман има и 17 повредени, кажаа локалните власти.

    Експлозии се регистрирани и во Кременчук. Миколаив и Полтава, а од 23 проектили испукани кон Киев, 21 бил соборен, кажаа властите. Шефот на градската воена управа изјави дека ова е првиот руски ракетен напад на Киев во последните 51 ден.

    Нападот следува додека украинските сили се подготвуваат за пролетна противофанзива со помош на добиените нови модерни оружја од западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира