КУРДСКАТА ПАРТИЈА ГО ПОДДРЖА ОПОЗИЦИСКИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА, ЕРДОГАН ЗАОСТАНУВА ВО АНКЕТИТЕ

    КУРДСКАТА ПАРТИЈА ГО ПОДДРЖА ОПОЗИЦИСКИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА, ЕРДОГАН ЗАОСТАНУВА ВО АНКЕТИТЕ74-годишниот Кемал Киличдароглу е лидер на главната опозициска партија ЦХП повеќе од една деценија. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Најголемата курдска партија во Турција ХДП ги повика своите приврзаници да гласаат за главниот опонент на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори следниот месец, за кои се очекува да бидат најтесните во 20-годишното владеење на Ердоган. Опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу, досега доби поддршка од широка коалиција од политичката сфера во Турција.

    „Во овој клучен момент за турската политика, се собравме да ја исполниме нашата историска должност, како дел од нашата традиција и како задолжување на идните генерации. Во овој конекст, ѝ соопштуваме на јавноста дека донесовме одлука да го поддржиме Кемал Киличдароглу, на претседателските избори“, соопшти ХДП.

    Гласовите на курдската популација во Турција, која е околу една петтина од 85-те милиони турски граѓани, може да биде одлучувачки фактор во претседателската трка, во која минимално водство, според анкетите, има опозицискиот кандидат.

    Левичарската ХДП обично освојува две-третини од курдските гласови. Претседателот на ХДП Селахатин Демирташ е во затвор по обвинувањата за тероризам.

    74-годишниот Киличдароглу е лидер на главната опозициска партија ЦХП повеќе од една деценија. Двоцифрената инфлација и критиките против владиниот одговор на разорниот земјотрес во февруари се одразија на рејтингот на Ердоган, па Киличдароглу има реални шанси да го победи Ердоган.

    Според последните анкети, Киличдароглу би освоил 47 отсто од гласовите во првиот круг, наспроти 45-те отсто на Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира