ДВЕ ГОДИНИ НЕМА СЕЗОНСКИ ПРЕВОЗ ДО ЕЗЕРО МЛАДОСТ, А ГРАЃАНИТЕ САКААТ ТАМУ ДА СЕ ОДМОРААТ

    ДВЕ ГОДИНИ НЕМА СЕЗОНСКИ ПРЕВОЗ ДО ЕЗЕРО МЛАДОСТ, А ГРАЃАНИТЕ САКААТ ТАМУ ДА СЕ ОДМОРААТ@Такси до езеро е со цена од 250 до 300 денари. И не може секоја фамилија, или ученик да си дозволи да замине таму на плажа“, вели совентикот Николов. (Фото: СДК.МК)

    Советникот Марјан Николов, на последната 32 седница побара локалната власт повторно да организира автобуски превоз до езерото Младост. Тој би бил бесплатен и сезонски, преку летото.

    „Такси до езеро е со цена од 250 до 300 денари. И не може секоја фамилија, или ученик да си дозволи да замине таму на плажа, на рекреација. Затоа е потребно општината да организира бесплатен автобуски превоз. Тој би сообраќал 3-4 пати во текот на денот, во двата правци од неколку локации во градот. Таков превоз имаше пред две години и не гледам причини зошто повторно да не се воспостави“, кажа Николов. Одговор од присутните претставници на локалната власт на оваа седница, немаше.

    Организиран автобуски правец, сезонски, имаше и го организираше „Транс Велес“. Со замирањето на оваа транспортна фирма, замре и превозот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира