ПОЛИЦИЈАТА НА ОКЛАХОМА ПРОНАЈДЕ СЕДУМ ТЕЛА ТРАГАЈЌИ ПО ДВЕ ИСЧЕЗНАТИ ДЕВОЈЧИЊА

    ПОЛИЦИЈАТА НА ОКЛАХОМА ПРОНАЈДЕ СЕДУМ ТЕЛА ТРАГАЈЌИ ПО ДВЕ ИСЧЕЗНАТИ ДЕВОЈЧИЊАСе верува дека 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер се меѓу жртвите на Џеси Мекфаден (Фото: АП)

    Седум тела се пронајдени на имот во мал град во руралниот дел на Оклахома, додека полицијата трагаше по две исчезнати девојчиња. Се верува дека 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер се меѓу жртвите.

    Истовремено е пронајдено телото на Џеси Мекфаден, регистриран сексуален престапник, со кого девојчињата патувале. Полицијата не кажа како тој починал.

    Според Си-Би-Ес, двете девојчиња го поминале викендот со Мекфаден, а откако не се вратиле дома, вчера беа прогласени за исчезнати лица во опасност. Откако полицијата упаднала во домот на Мекфаден во градот Хенриета, биле пронајдени седум тела.

    „Веруваме дека се пронајдени и Вебстер и Бруер, но идентитетот на жртвите допрва ќе се утврдува“, изјави локалниот шериф Еди Рајс.

    Не се објавени други детали за случајот.

    Мекфаден бил осуден за силување од прв степен во 2003 и од затвор бил пуштен во 2020. Тој повторно требало да се појави во суд вчера за обвинувања поврзани со педофилија и детска порнографија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира