УГИНА ЖИРАФАТА КАСПЕР ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, СЕГА ВО ГРАДИНАТА ОСТАНА САМО ФЛОПИ

    УГИНА ЖИРАФАТА КАСПЕР ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, СЕГА ВО ГРАДИНАТА ОСТАНА САМО ФЛОПИЖирафата изминативе пет месеци не била во добра здравствена состојба. (Фото: СДК.МК)

    Ноќеска во скопската Зоолошка градина угина жирафата Каспер. Директорот на градината Зоран Попов вели дека во моментов се прави обдукција по што ќе се знае причината за угинувањето.

    Како што ни изјави Попов, жирафата изминативе пет месеци не била во добра здравствена состојба.

    Каспер имаше 12 години, а во скопската зоолошка беше жител од 2012 година.

    Во јануари 2021 година во Зоолошката угина жирафата Тобого и сега во градината остана само жирафата Флопи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира