ОСУМ УБИЕНИ ВО ВТОРОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО СРБИЈА ЗА ТРИ ДЕНА, НАПАЃАЧОТ Е ВО БЕГСТВО

    ОСУМ УБИЕНИ ВО ВТОРОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО СРБИЈА ЗА ТРИ ДЕНА, НАПАЃАЧОТ Е ВО БЕГСТВОПо напаѓачот трагаат над 600 специјалци (Фото: Танјуг)

    Осум луѓе се убиени, а повеќе од десет ранети кај Младеновац во второто масовно пукање во Србија во последните три дена. Повеќе од 600 специјалци и натаму трагаат по напаѓачот, кој е идентификуван како 20-годишниот Урош Б.

    Тој прво пукал во селото Дубона, а потоа во селата Мало Орашје и Шепшин во околината на Младеновац. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го опиша пукањето како терористички чин.

    Реонот во кој претпоставуваме дека се наоѓа убиецот е изолиран. На терен се сите единици на специјалната полиција“, соопшти српското МВР.

    Мотивот засега не е познат, но српските медиуми објавија дека напаѓачот почнал да пука во луѓе од автоматско оружје по расправија со полицаец во Дубона. Потоа продолжил да пука од својот автомобил.

    Новиот масакр во Србија се случи кога на сила стапи тридневна национална жалост поради завчерашното пукање во основно училиште во Белград, кога 13-годишник уби осум деца и еден чувар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира